![132431822 посевите](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/132431822-3.jpg?resize=640%2C359&ssl=1)
Променливото време во текот на изминатата недела одржуваше добри услови за презимување на земјоделските култури. Иако земјоделците стравуваа од наглото топењето на снегот и поплави, до тоа не дојде. Се зголеми само процентот на влагата во почвата и на водостојот на реките и акумулациите, што ќе бидат добредојдено во претстојниот период.
Умереното топење на снегот во рамничарските делови не предизвика поплави кај есенските култури кои се во добра фаза на развојот и кои со подобрување на времето ги чека прво прихранување со азотни ѓубрива.
Кај овошките и виновата лоза во реоните каде имаше оштетување од мразевите ќе треба да се почека почвата да се исуши да се влезе во нивите и да се изврши кроењето.
Во наредниот период стабилното време со очекуваните дневни температури до 10 степени ќе придонесат за нормално презимување, а утринските од минус 11 до минус 4, нема да ја разбудат вегетацијата.