Добрила Кацарска е новиот претседател на Уставен

Со 6 гласа ЗА Од вкупно 9 избрана е Добрила Кацарска запрв човек на Уставниот суд.

Гласањето за изборот беше зад зарворени врати.

Јавноста немаше можност да ги слушне предлозите и дискусијата за изборот.

Во последниве години, како судијка во Основниот суд Скопје 1, Кацарска го судеше најобемниот предмет, за настаните од 27 април, и случајот „Тенк“ за начинот на набавка на блиндираниот „мерцедес“ во кој на затворски казни се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски.