Добрите вести од САД ја подигнаа цената на нафтата

Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во јануари на Трговската берза во Њујорк поскапе за еден цент на 97,39 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 111,29 долари, односно пораснала за 31 цент.

Вашингтон соопшти дека резервите на сирова нафта минатата недела неочекувано се намалиле, за прв пат по средината на септември. Цените на нафтата добиле поддршка и во вид ревизијата на американскиот економски раст од третиот квартал на 3,6 од 2,8 отсто, колку што првобитно се проценувало.