Целта беше да се заштити стандардот на граѓаните. Според Марјан Николов, претседател на ЦЕА, во Македонија системот е така поставен да цените за базната и за пик потрошувачката се уште не се реални што од економски аспект не е во ред, затоа што ваков начин на тарифирање не ја одразува реалноста на економскиот трошок.
„Мислам дека Владата направи добар потег со одложување на либерализацијата, имајќи предвид дека само затоа што се работи за пик потрошувачи, по дефиниција ќе се плаќа многу повисока цена отколку што се плаќало до сега. Второ, во ЕУ директивите за електрична енергија има една категорија што се нарекува разумна цена за електрична енергија, под што се подразбира дека и општеството мора да види која е куповната моќ на потрошувачите. Од тој аспект по мое мислење е добро што се донесе одлука да се одложи либерализацијата, бидејќи не можете да одите нонстоп со донесување одлуки затоа што тоа е согласно директивите на ЕУ. Тоа механичко носење на одлуки, на закони кои што не се одраз на домашната реалност, може дополнително да ја влоши и онака лошата економско политичка и социјална ситуација во Македонија, вели Николов за Утрински весник.