Доцни дневниот извештај за новозаразените со Covid-19, се стравува за нова рекордна бројка

Сѐ уште вечерта во средата, повеќе часа од вообичаениот термин, Министерството за здравство не го објави дневниот извештај со податоците за новозаразени и евентуално починати од коронавирусот во изминатите 24 часа, а јавноста стравува дека бројката веројатно ќе надмине 400 коронаинфицирани.

„Министерството за здравство се извинува до медиумите и јавноста за денешното доцнење со информирањето за состојбата со Covid-19 во нашата земја. До овој момент сѐ уште не е испратена дневната статистика од Институтот за јавно здравје“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Извори од министерството за здравство појаснуваат дека сѐ уште не се добиени резултатите од тестирањата во приватните лаборатории. Истовремено, имајќи ги предвид показателите за бројот на заразените кои се движеа над 300, а во саботата и 393 случаи, се стравува дека денешниот показател ќе биде рекорден од почетокот на епидемијата во земјата.