![чај](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/cha-.jpg?resize=299%2C168&ssl=1)
Човештвото сѐ повеќе се соочува со проблеми во менталното здравје. Истражувања покажуваат дека подобриот начин на живот може да го подобри расположението кај луѓето, а најголем акцент е ставен на исхраната.
Нутриционистите ги препорачуваат овие намирници за подобро здравје и расположение во зимските денови.
Холин, витамин Ц, чоколадо и наут
Освен од јајцата, холин можете да добиете и од гравот и од леќата, во случај да сте нетолерантни на јајца. Тоа е суштинската хранлива материја која помага за меморија и процес на учење.
Витаминот Ц се наоѓа најмногу во надбубрежните жлезди кои го регулираат правилното функционирање на телото. Најмногу витамин Ц имате во киви и во црвените пиперки.
Темното чоколадо нутриционистите го сметаат за најдобар извор на растително железо. Недостатигот на железо може да доведе до некаков вид на анксиозност и напнатост, пишува Mind Body Green.
Наутот помага во регулирање на апетитот, спиењето и расположението.
Антиоксиданси и антоцијани
Освен витаминот Ц, но не заборавајте за другите моќни антиоксиданси. Антоцијаните можете да ги најдете во храната со темна боја, како боровинки, капини, грозје и црни рибизли.
Течности
Врската меѓу здравјето на мозокот и хидратацијата е силна, затоа внимавајте колку вода внесувате дневно. Кога ќе дехидрираме, почнуваме да се чувствуваме летаргични и вознемирени, а концентрацијата исто така се намалува.
Што се однесува до количината на пијалок, секогаш слушајте што му треба на вашето тело. Се препорачуваат 9 чаши дневно за жени и 12 чаши дневно за мажи. Можете исто така да му дадете шанса и на зелениот чај.
Зачини
Зачините и тоа како се важни за менталното здравје. Чили пиперката може да помогне во расположението, енергијата и имунитетот.