
Семејната куќа на познатиот српски актер Бата Живоиновиќ повторно била мета на крадци.
Според податоците на српскиот „Новости“ во текот на вчерашниот ден сопругата на актерот влегла дома и нашла вистински хаос. Таа се уште не знае дали е нешто одземено, но вели дека во куќата било како да паднала бомба.
Ова е втор пат да биде ограбена куќата на актерот откако минатата година му го однесоа наследството.