Додека Белорусите гласаат, Лукашенко ја повикува Европа да ги преиспитаат врските со САД

Белорускиот претседател Александер Лукашенко на денот на изборите одвои два часа на прес-конференција за на новинарите опширно пред новинаите да зборува за американскиот претседател Доналд Трамп и за врските на Европа со Вашингтон.

„Тие мора да се одвојат од американскиот носач на авиони“, рече Лукашенко по гласањето, говорејќи за Европа на прес-конференција во Минск, обраќајќи го вниманието на тоа како Трамп ја притиска Европа да направи повеќе за сопствената безбедност.

„Вие Европејците се извивате како змии барајќи излез. За Европа би било подобро да направи сојуз со Русија“, рече Лукашенко кој и самиот одржува блиски врски со Москва, а Белорусија од 1990-те години има договор со Москва за Сојузна држава.

„Доналд е добар уметник, тој е актер, шоумен“, коментираше Лукашенко но истакна дека тој не очекува вториот мандат на Трамп да донесе промени за Белорусија.

Лукашенко, чие владеење во Европа и САД се критикува како авторитарно, трае 30 години и тој на пре-конференцијата уште еднаш изјави дека всушност не сакал повторно да се кандидира.

„Не сакав да учествувам на овие избори. Не сакав“, им рече тој на присутните.

Лукашенско, во продолжение рече дека рускиот ракетен систем „Орешник“ ќе биде распореден во Белорусија поблиску до градот Смоленск, на самата руско-белоруска граница.

„Таму, поблиску до Смоленск. <…> Јас така размислува, а потоа ќе видиме. Потребно е одредено растојание. Лошо е кога вашите цели се многу блиску. Но, дури и кога се многу далеку, тие можат да бидат со помала носивост. Затоа размислувам каде тогаш во ваша близина“, одговори тој на прашањето од европските новинари за локацијата на ракетниот комплекс.

Според Лукашенко, кој повеќепати изминатите години предупредува за групирање на војските на НАТО на границите со Белорусија, неговата земја може да го добие системот „Орешник“ секој ден.

„Се договоривме со претседателот Путин следната инсталација да биде испорачана на Белорусија уште порано отколку во Русија“, истакна претседателот.

На крајот на минатата година тој побара од рускиот челник да го распореди најновите ракетни системи за лансирање балистички хиперсонични проектили, во прв ред „Орешник“, на белоруска територија. Путин одговори дека смета дека е можно тоа да се направи во втората половина на 2025 година.

Во ноември Русија изведе одмазничку удар врз голем индустриски комплекс во Днепропетровск, со што во борбени услови тестираше хиперсоничен балистички ракетен систем со среден дострел со ненуклеарна боева глава. Во случај на групна употреба, ударот со употреба на „Орешник“ е споредлив со употребата на нуклеарно оружје, но овој комплекс не е нуклеарно оружје.