Додека Европа се соочува со најголемата безбедносна закана, македонската полиција блокирана

ФОТО: Ројтерс
ФОТО: Ројтерс

Додека најголем број европски земји и членки на НАТО и ЕУ ја зголемуваат борбената готовност на своите безбедносни институции, македонската полиција втор ден е целосно парализирана, пишува порталот „Курир“.

И покрај тоа што новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера делумно ја повлече својата првична наредба, сепак сеуште е приустна конфузијата за тоа што полициските оперативци можат да прават на своја рака, а за што мораат да чекаат амин од министерот.

Порталот нагласува дека во голем дел од подрачните единици на министерството началниците и оперативците денеска и вчера расправаат што може, а што не може да се работи без дозвола од министерот.

Запрени се најголем дел од операциите на полицијата во најсложените задачи како трговија со оружје, дрога, мигранти и други, а во конфузија се и оперативците и командирите во службата за државна безбедност, која што согласно новата наредба на министерот мора да ги прекине своите акции. Збунети се и правниците во МВР кои што на своите колеги не можат да им дадат правно толкување што може да се прави на своја рака без да се чека на министерот, кој што ни теоретски не може да даде дозвола или да ги забрани сите акции на полицијата. Блокирана е и работата на полициските портпароли кои што за да дадат информација и за најобични информации мораат да добијат дозвола од Спасовски, пишува „Курир“.

Додека очите на светската јавност се во целост свртени кон хоророт што се случува во Париз, полициските оперативци молат бога на Македонија да не и се случи ни приближна ситуација, затоа што поради својот министер за внатрешни работи земјата е целосно неподготвена за соочување со било каква закана.

Дел од полициските оперативци стравуваат и заради искуството од 90-тите, кога намерно се предизвикуваа насилства од секаков вид заради политички цели.

Сега СДСМ со креирање криза го запоседна и блокираше МВР. Партиска цел е да се избегнат изборите, а поучени од досегашните искуства, пак со криза да ја дофатат власта.