
Ловочувар се здобил со телесни повреди, откако претходно бил застрелан со пуша од страна на негов колега.
Како што информираат од МВР, вчера околу 19.00 часот во село Врбјани – Охрид, К.Б. вработен во ловно друштво „Славеј“ проверувајќи ја ловната пушка во дворот на сопствената куќа, испукал према Д.Р. (53) од село Врбјани – Охрид, вработен како ловочувар во ловно друштво при што го повредил во пределот на двете подколеници.
Д.Р. е префрлен во Медицинскиот Центар – Охрид за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид.