-Втор ден сме во општина Лозово и втор ден се соочуваме со секојдневните проблеми кои ги имаат граѓаните. Откупот на грозје е најголем проблем во општина Лозово, десниот магистрален канал целосно руиниран, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.
Тој додаде дека голем проблем е што во овој крај питка вода за пиење од хидросистемот Злетовица нема, а властите молчат.
– Дополнително на тоа увозот на евтина работна сила од Индија веќе е реалност во нашата држава. Нашите млади образовани кадри заминуваат, работат по бел свет, а во нашата држава се увезуваат Индијци за работа, изјави Мицевски.
Прашува дали се ова ветувањата за живот кои ги даваше СДС, Зоран Заев, а сега продолжува и Ковачевски како подизведувач на ДУИ.
– Затоа во коалиција со народот ВМРО-ДПМНЕ има решенија за овие проблеми. Заедно ќе направиме промени, кои ќе донесат подобар и достоинствен живот во Македонија, истакна Мицевски.