Додека родителите биле на прославата на Богородица во Ново Лисиче, децата се бореле за живот во автомобилот

Родителите на двете малолетни деца биле на прославата на Пресвета Богородица која ја организира населбата Ново Лисиче, информира Сител. Тие биле побарани откако случајни минувачи ги забележале децата затворени во автомобилот и повикале полиција.

Прославата за кратко верме била прекината и на разгалас бил повикан сопственикот на црната Алфа. Тогаш родителите пристигнале на местото и веднаш биле повикани на разговор во полиција.

Станува збор за Т.Т.(44) и М.Н.(35), кои своите две деца на возраст од 7 и 4 години ги оставиле на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки. Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.

Според соопштението од Детска клиника, децата се во добра здравствена состојба и ќе бидат пуштени дома денеска. Од Клиниката посочија дека во моментот на прием на преглед децата оддавале впечаток на запуштени (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани и свесни, со уредни витални параметри. По приемот во болница веднаш пристигнала и мајката која цела ноќ, а и во текот на денешниот ден била покрај децата.