
Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели видео на кое се гледа како разочараните земјоделци ги сечат дрвата со јапонско јаболко.
-КАТАСТРОФА !!!
Додека Заев,Љупчо и Трајан се луксузираат на државен трошок и ја замајуваат јавноста со лажни вести дека земјоделството блеска,земјоделците разочарани од лагите на власта и безидејната ситуација ги сечат родните дрва со јапонско јаболко.
Ќе си одговарате за сите злодела што му ги нанесовте на Македонскиот земјоделец, за сите лаги и манипулации,за потценетиот труд и мака.
Доаѓа 12 Април кога ќе ви стигне пораката и гласот на земјоделците,оние луѓе на кој во предизборитето 2016 им ветувавте загарантиран откуп и повисоки откупни цени,гарантен фонд,повисоки субвенции и безброј проекти кој останаа само на хартија, стои во неговиот пост на Фејсбук.