Додека се вработуваат роднини и криминалци, во СДСМ раскол за пратеничките листи

сдсм

Според извори од Бихаќка, кавгите во оваа партија се секојдневни за тоа кои имиња да влезат на листите. Најжестоки се препирањата бидејќи на челниците им е јасно дека мал е бројот на лица кои ќе влезат во новиот состав на Собранието.

Финансиерите и менторите на СДСМ бараат да им се обезбедат места на пратеничките листи за претставниците на „Шарената револуција“ кои во име на оваа партија со месеци дивееја низ градот и уништуваа се пред себе.

Во ваква ситуација е сосема јасно дека од листите ќе отпаднат партиски членови и досегашни функционери и дека за нив нема место, туку истото треба да се отстапи за платениците на СОРОС.

Кавгата меѓу нив е јасно видлива и се шири и низ социјалните мрежи. Тие велат дека “шарените“ ја одработија агендата на СДСМ за насилно сценарио и дека како награда сакаат пратенички столчиња за дел од нив. Во кулоарите се погласно се спомнуваат и имиња од платениците на СОРОС на кои некој од партијата веќе им ветил бројче на пратеничките листи за изборите.

И “шарените“ сакаат двојазичност

Овие играчи всушност му одговараат на Зоран Заев, но затоа тој се соочува и со револтот на сопартијците. Откако самиот најави дека цела Македонија ќе ја направи двојазична, стана мета на напади од страна на македонскиот народ. Но не и од претставниците на „Шарената револуција“. Тие каде и да се појават ја пропагираат оваа идеја и со истата се согласуваат. Онаму каде учествуваат на конференции и настани тие без никаков проблем зборуваат и за смена на името, двојазичност на цела територија како теми за кои тие немаат ништо против да бидат спроведени.  Со овие желби на Заев не се согласуваат дури ни лица од партискиот врв, па токму затоа негова наклонетост кон “шарените“ воопшто не би била за изненадување.

Заев и Шекеринска бегаат од Груевски

Првите двајца челници на СДСМ, лидерот Заев и неговата заменичка Шекеринска, имаат во моментов друга преокупација. Во партијата владее раскол за пратеничките листи, но тие се во недоумица каде да ги впишат нивните имиња. Она во што се сигурни е дека тоа не сакаат да биде на позиција носител на листа во Изборна единица 1 бидејќи таму ќе треба директно да се соочат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Овие луѓе се долги години во политиката и ним им е сосема јасно дека на изборите кои следуваат ќе бидат поразени. Затоа сакаат за тој пораз да имаат кого да обвинат.

Раскол за листите, вработувањата течат

Зоран Заев си ги вработи сите оние кои водеа партиска агенда во негово име. На таа листа изминатиов период се најдоа неколку новинари, луѓе кои јавно бараа “крв на улиците“, лица кои преку Фејсбук му нудеа да пијат кафе. За оние кои немаше место за вработување во СДСМ, си добија работа во СЈО, кое се појасно е дека ќе тера кампања заедно со партијата.

Заев уште одамна призна дека СДСМ со години одлучува и кој ќе се вработи во општина Струмица.

Во Струмица овие 2744 луѓе се вработени со одлуки на кадрови комисии на СДСМ, од хегиеничарот во Еленица до некој директор во некоја институција која што е под општината, одлучува кадрова комисија на СДСМ. Моја задача е да го отворам работното место, како градоначалник кои што СДСМ го номинирала за да биде мандатор за градот Струмица да го води, тоа ми е задачата да ги отворам работните маста а кадровата комисија на СДСМ одлучува кои да биде вработен, рече Заев на една трибина во минатото.

Непотизам и вработување на криминалци

Кадрите на СДСМ се најдоа на платен список и во Специјалното јавно обвинителство.

СЈО на 1 октомври објавило оглас за 12 работни места, а се барале 37. Огласот бил објавен во „Утрински весник“ и во „Коха“. Добиле 41 пријава. Од нив е избран познатиот Боки Бургија, човек познат од митинзите на СДСМ. Но, најголемиот скандал е што овој човек е осудуван за измама и за потешки дела од областа на безбедноста во сообраќајот.

На прашањето дали ја провериле неговата осудуваност, Ристовска одговори:

-Како што ви напоменав, законот предвидува услови кои што се неопходни за едно лице да биде вработено осудуваноста или неосудуваноста не е една од тие услови, туку дали постои забрана тоа лице да врши одредена професија, дејност или должност, за што ние добивме од судот потврда дека таква забрана тоа лице не поседува, рече Ристоска.

Ова не е прв случај на вработување и ангажирање партиски кадри или, пак, лица кои важат за поддржувачи на СДСМ. Серија „експерти“ се на платниот список на СЈО, а голем број партиски кадри на СДСМ платата ја добиваат од Катица Јанева, што отвора простор за сомневање дека опозициската партија се финансира преку Обвинителството.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, без срам призна дека го има вработено и својот внук велејќи дека тоа не било непотизам, туку тоа момче ќе ги “зајакнело капацитетите на СЈО“!