Додека Скопје е блокирано од полицискиот час, Шилегов ја вади калдрмата од Старата чаршија

Револтот кај граѓаните беше разбуден од фотографиите кои вчера осамнаа на социјалните мрежи од раскопана Стара скопска чаршија.

Ова место кое е срцето на градот, симбол за вековна традиција, стана жртва на Град Скопје и општина Чаир, односно на одлуките на градоначалниците Петре Шилегов и Висар Ганиу.

Уништувањето на чаршијата се случи подмолно, за време на полициски час, додека скопјани мораат да седат затворени, дома.

Вонредната состојба и полицискиот час прогласени поради епидемијата од коронавирус, некому многу добро му дојдоа.

Ова се само мал дел од коментарите кои граѓаните ги пишуваат на социјалните мрежи: