
По вчерашната експлозија во Бејрут која однесе човечки жртви и направи огромна штета, цел свет е вознемирен и сочувствува со трагедијата.
Како во сите останати земји, така и во Македонија, оваа вест е третирана од сите медиуми и најкоментирана на социјалните мрежи.
Така, се јави и откритие на опасноста која демнее во Скопје, а доаѓа од Охис. Таму има 14 тонска цистерна со винил хлорид која може да биде огромна опасност за слична трагедија.
„Додека сте насекирани за Бејрут:
Во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут.
Германци не сакаат да дојдат ниту увид да извршат од што е лудо опасно и несоодветно оставена крајно токсична содржина, која може да го покоси пола град“, напиша докторот Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил.