Додека трае хаосот во Кабул, Бајден под притисок да го одложи датумот за повлекување

Со илјадниците очајни Авганистанци и странски државјани кои го преплавија кабулскиот аеродром во надеж дека ќе побегнат од новите авганистански талибански влсти, во понеделникот се зголеми притосок врз американскиот претседател Џо Бајденда го продолжи крајниот рок за повлекување на трупите од Авганситан и со тоа да го продолжи рокот за евакуација.

Бајден во неделата ги предупреди сонародниците и сојузниците дека евакуацијата ќе биде „тешка и болна“ и рече деке многи работи сѐ уште може да тргнат во погрешна насока. Американската војска можеби ќе може да остане подолго и од 31-ви август за да ја надлгедува евакуацијата, рече американскиот претседател.

Стравувањата се згоелмија во понеделникот претпладнето кога дојде до размена на огнот меѓу авганистански војници кои ја помагаат контролата над огромната маса луѓе пред и на територијата на кабулскиот аеродром и неидентификуван вооржен маж. Германските и американските сили, исто така, биле вклучени во инцидентот, соопшти германската армија без натамошни поединости.

Велика Британија и Франција се меѓу земјита кои повикуваа на продолжување на рокот за повлекување. Меѓутоа, талибански функционер рече дека станските сили не барале продолжување на рокот за евакуација, но и дека побарале новите власти не би се согласиле.

„Ако САД или Велика Британија побараат дополнително време за продолжување на евакуацијата, одговорот е не. Или ќе има последици“, изјавив Сухаил Шахин, член на политичката канцеларија на талибаните во катарската престолнина Доха.

Локален талибански милитант, кој им се обраќал на големите групи луѓе во Кабул, ги повикал Авганистанците да останат во земјата.

„Каде отиде нашата чест? Каде отиде нашето достоинтво. Нема да им дозволиме на Американците да продолжат да престојуваат тука. Ќе мора да го напуштат ова место. Дали со оружје или со пенкало, ќе се борие до последниот здив“, рекол неименуван милитант, пренесува Reuters.

Очајните Авганистанци кои сѐ повеќе ги фаќа паника и странците со денови се слеваат кон аеродромот во Кабул, обидувајќи да се качат на лет за излегување од земјата. Дваесеттина луѓе смртно настрадаа во хаосот, главно во пукања и стампеда, додека американските и меѓународните сили се обидуваат да заведат ред.

Висок неименуван претставник на американскиот Стејт департмент во понеделникот ги негираше медиумските извештаи дека само на американски државјани им се дозволува влезот на кабулскиот аеродром. Додал дека нов лет за евакуација на Авганистанците ќе притигне во Кабул во понеделник од американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Претходно американската телевизија CNN, повикувајќи се на свој извор, објави дека САД ја смениле политиката за прием на лица на меѓународниот аеродром во Кабул. Според извештајот, сега само државјаните на САД и на земјите членки на НАТО со нивите семејства, како и оние кои имаат „зелана карта“ може да влезат на територијата на аеродромот.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон рече дека Лондон и натаму од Авганистан сака да извлече илјадници лица, но оти Велика Британија не може да продолжи со евакуацијата во мометот кога ќе си замине американската војска.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан реле дека е потребно уште време. „Загрижени сме поради рокот од 31-ви август кој го поставија Соединетите држави“, рече.

Шефот на германската дипломатија Хаико Маас, пак, изјави дека виртуелниот самит на земјите од Г7 во вторник би требало да се согласи по прашањето дали треба да биде продолжен рокот и како да се подобри пристапот до аеродромот во Кабул.

„Разговараме со САД, Турција и другите партнери со цел да бидат олеснети цивилните операции на кабулскиот аеродром да се овозможи евакуацијата на луѓето, подолго од 31-ви август. Ќе мораме да продолжиме да разговараме со талибаните за проблемот, а тоа е она што го правиме“, рече Маас.

Хаосот на кабулскиот аеодром, исто така, ги попречува и пратките со помош. Околу 500 тони медицински производи заглавија бидејќи аеродромот беше затворен за комерцијални летови, рече Ричард Бренан, регионален директор за вонредни ситуации на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за источномедитеранскиот регион.

Талибанските челници, кои се трудат да покажат поумерена слика за себе по заземањето на Кабул, започнаа да преговараат за формирање влада, а нивните сили се ориентирани на последните џепови каде не е воспоставена нивната власт и каде се групираат противничките сили.

Талибаните именуваа вршител на должноста на централната банка на Авганистан за да ја ублажат сѐ поизразенаа економска криза, повеќе од една седмица откако оваа исламистичко двожење го зазема Кабул. Хаџи Могамед Идриз е поставен за вршител на должноста гувернер за да помогне во воспоставувањето фискален и ред во платниот систем во земјата чијашто економија е уништена во дводецениската војна, а една седмица не работат банките и испразнети се владините канцеларии.

„Очекуваме дека ќе помогне да се оранизираат институтциите и же се занимава со економските проблеми со коишто се соочува нацијата“, рече талибанскиот портпарол Забиула Муџахид.