Австриската пратеничка Ева Мариа Холцлајтнер се онесвести за време на нејзиниот говор во Собранието. Нејзините колеги веднаш дотрчаа да ѝ помогнат, а подоцна рекоа дека со неа сè е во најдобар ред.
Ева, која е пратеничка од опозиционата Социјалдемократска партија на Австрија, на говорницата зборуваше за истрагата против доскорешниот канцелар Себастијан Курц, кој поради сомнеж за корупција си поднесе оставка.
На седницата бурно реагираше и лидерката на NOES Беате Мајнл-Рајзингер, која на новиот канцелар Александер Шаленберг, му предаде документ со обвиненијата против Курц. Опозицијата реагираше бурно, откако Мајнл ги фрли документите на земја.
https://www.youtube.com/watch?v=aqe9IBtpj2A