Доделени 41 ваучер на семејствата со принова во Општина Кисела Вода.
– Бројот на родители кои досега добија еднократна парична помош од Општината се искачи на 577, истакна градоналничката Билјана Беличанец Алексиќ, ветувајќи им на присутните дека напорите што оваа локална самоуправа ги прави за да ги обезбеди најдобрите можни услови за раст и развој на новите жители на општината ќе продолжат со засилена динамика.
– Се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6.000 денари која денеска ја доделуваме за 41 новороденче, од кои 24 се машки, а 17 женски, ќе Ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето, им се обрати наприсутните Беличанец.
Критериумите кои се потребни за добивање на еднократна парична помош на семејствата со принова се следните: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки документ за идентификација, односно една во случај на самохран родител, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.