Борче, Иванка и малиот Матеј-Димитрови од Грљани, виничко, се првите добитници на вредносен ваучер од 100.000 денари за набавка на енергетско ефикасни уреди, во првото коло од наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“.
При подигнувањето на наградата Димитрови не ја криеја возбудата што ваучерот ќе им помогне во набавка на нови апарати за домаќинство, за новата куќа во Виница.
Кога Борче ми соопшти дека сме добитници на вредносен ваучер од 100.000 денари од наградната игра на ЕВН Македонија мислев дека се шегува, вели Иванка. Во моментот кога здогледав солзи радосници, знаев дека е вистина. Пресреќна сум, ќе ја обновиме машината за перење алишта, ќе купиме компјутер за Матеј и уште нешто што ни недостасува во новата куќа, возбудено раскажуваше Иванка.
Имаме куќа и во Грљани и во Виница, па се шегуваме дека добро ќе ни дојде уште една награда на другото броило, додаде низ смеа Борче.
Во наградната игра „Награди за штедлив дом” право на учество имаат потрошувачи од категоријата домаќинства и мали бизнис корисници, кои до ЕВН Македонија имаат доставено лични податоци, односно, име, презиме, адреса и матичен број. Сите корисници имаат можност да добијат вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари од Нептун Македонија или сет за енергетска ефикасност составен од мерач за електрична енергија, тајмер и метеоролошка станица.
Извлекувањата од оваа наградна игра се реализираат во емисијата „На гости кај“ која се емитува секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ.
Ажурирањето на податоците се прави со:
- Пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен на веб-страната на ЕВНwww.evn.mk
- Пополнување на формулар во кој било наплатен пункт или приемна канцеларија на ЕВН Македонија
- Пополнување на формуларот што ќе пристигне со следните фактури за електрична енергија
За повеќе податоци околу наградната игра, извештаите за наградите и најлесниот пат за ажурирање на податоците на следниот линк www.evn.mk