Денот на независноста на Република Македонија, традиционално одбележан и на спортски план. Денеска во Собранието на Р.С. Македонија беа доделени државните награди „8 Септември“ за придонес во спортот
Легендата на ФК Вардар и некогашен капитен на на црвено-црните Кочо Димитровски, спортскиот доктор Слободан Николиќ, кајакарот и олимпиец Атанса Николовски како и легендата во македонското борење Томе Коцев се годинешни добитници на државната награда „8 Септември“ во областа на спортот.
Наградата за животно дело во спортот годинава ја доби актуелниот претседател на Карате федерацијата Драган Стојановски
На врачувањето на наградите присуствуваа претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, претседатели од повеќе национални федерации, професори, спортисти, тренер и спортски работници.