Финансиска поддршка за спроведување на еколошки проекти во висина од 1.000, 700 и 500 евра се обезбедена од Делегацијата на Европската Унија, како дел од кампањата „ЕУ за Тебе” на тема чиста животна средина со цел да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите.
Еко грантови добија детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ во општина Штип, „Срничка“ и „Буба Мара“ во општина Аеродром, „Гоце Делчев“ во општина Велес, „Детска радост“ во општина Гази Баба, „Гоце Делчев“ во општина „Илинден“ и „7 септември“ во општина Пехчево.
Грантовите официјално ги додели шефот на Делегацијата на Европската унија Самуел Жбогар вчера во ЕУ Инфо центар во Скопје.
„Програмата за мали грантови“ се спроведува од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.