Доделени ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

Градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ на четириесетина жители им додели ваучери за новороденчиња во Кисела Вода.

Со денешното, 25то по ред доделување на еднократна помош за новите родители од општината, бројот на досега доделени ваучери се искачи на 1.100.

Одлуката за јавно доделување на ваучери за еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова, што ја спроведуваме веќе две години, е со цел да им излеземе во пресрет на семејствата за нивните првични потреби кои доаѓаат со новороденчето. Истата ќе се запази се до крајот на мојот мандат, потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.

Беличанец Алексиќ им честиташе на присутните и уште еднаш на сите останати родители од општината кои имаат принова им порача да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.

Општина Кисела Вода традиционално доделува еднократна парична помош за родителите кои имаат принова.

За неполни две години доделени над 1.000 ваучери

До мај оваа година беа доделени 1.019 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода.

Би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на мојот мандат, нагласи Билјана Беличанец – Алексиќ.

Постапката е едноставна и се состои од исполнување на неколку барања, а тоа се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето, ги исткна критериумите градоналникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

 

Доделувањето ваучери за новороденчиња во Кисела Вода е проект кој се спроведува две години.