Доделување на Национална награда за општествена одговорност

Во Скопје денеска ќе биде доделена Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2013 година во организација на Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија.

Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата се доделува седма година по ред, започнувајќи од 2008 година.

Годинава конкурсот за доделување награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија траеше од 24 март до 21 мај годинава и конкурираа 38 претпријатија со 56 проекти во неколку категории.

Во изминатите години, македонските претпријатија пријавија 408 добри општествено одговорни практики, со кои ја покажаа својата грижа за општеството и животната средина.

Цел на доделувањето на наградата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување и притоа да инспирира на воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Македонија.

Кои компании ќе бидат избрани одлучуваше стручна жири комисија составени од претставници на јавниот и граѓанскиот сектор.