Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески денеска во Владата ќе ги поделат решенијата за еднократен отпис на долгови.
Граѓаните можеа да поднесат барање за отпишување на долговитеод 18 август до 31.12.2013 година, за:
– кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити – кон деловните банки и штедилниците;
– електрична енергија кон ЕВН;
– топлинска енергија кон Топлификација;
– радиодифузна такса кон МРТВ.
Долговите кои се отпишуваат треба да бидат неплатени подолго од 12 месеци и да е започната постапка за наплата.