Доделување на наградата „Претприемач на годината“

Наградата „Претприемач на годината“, чија цел е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата преку промоција на успешни примери, годинава ќе биде доделена по деветти пат.

И годинава ќе се изберат најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Македонија. Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2015“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија.

Мнифестацијата за избор на „Претприемач на годината 2015“ е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.

Институционален покровител на манифестацијата е Министерството за економија на Република Македонија.