Доделувањето на Оскарите ќе трае три часа, се воведува награда за најпопуларен филм

Организаторите на церемонијата на најпрестижните филмски награди Оскарите, објавија во средата дека поради слабата гледаност ќе го скусат времетраењето на три часа на доделувањето на признанијата кое директно е пренесувано од телевизиите, како и дека ќе воведат нова категорија награди – за најпопуларен филм.

Во писмото до своите членови, управниот одбор на Американската академија за филмски уметности и науки наведува дека некои од 24-те Оскари ќе бидат доделувани во текот на паузите за телевизиските реклами.

Промените, коишто ќе бидат воведени од свеченоста во февруари 2019 година, претставуваат голема пресвртница во доделувањето на оваа најпосакувани награди во филмската индустрија. Тие се воведуваат поради долгогодишното опаѓање на гледаноста на директниот телевизиски пренос на доделувањето.

Така, доделувањето на Оскарите во март оваа година во САД ја следеле само 26,5 милиони гледачи, што е најмалку во 90-годишната историја на доделувањето на признанијата.

Во споменатиот допис не се наведуваат поединости за новата категорија којашто ќе биде воведена за најпопуларен филм, ниту за категориите за коишто наградите ќе бидат доделувани вон директниот телевизиски пренос, во времето предвидено за рекламите. Доделувањето на Оскарите редовно досега траеше речиси четири часа.

„Сакаме да произведеме забавно шоу од три часа и да пружиме попристапни Оскари за нашите гледачи ширум светот“, наведуваат уште од управниот одбор.