Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина нема легитимитет од нејзиното именување, а сега нема никаков кредибилитет изјави денеска претседателот на СНСД и кандидат за претседател на Република Српска, Милорад Додик.
Запрашан да го коментира тоа што ЦИК поднела пријава против него до Обвинителството на БиХ и СИПА поради, како што се наведува, „вербален напад врз членови на ЦИК, поради што некои од нив сметаат дека нивната безбедност е загрозена“, Додик кажа дека во деновите кога, под политичко влијание на своите членови носат незаконски одлуки, тие дури стигнуваат да се справуваат и со актерите во изборниот процес, поднесувајќи пријави против нив.
Лидерот на СНСД нагласи дека ЦИК на БиХ се занимава со него, место да утврди дали нејзината членка, Вања Бјелица Прутина, спротивно на законот, имала средба со лидерот на СДС, Мирко Шаровиќ, и дали на социјалните мрежи циркулира преписка во која членството на ПДП му се заблагодарува на друг член на ЦИК, Јован Калаба, најавувајќи повторување на изборите.
-Ако во оваа провизориум држава има „П“ од правото и правдата господа од ЦИК, сите ќе завршите во Обвинителството кое би требало да се справи со вашите криминални дејствија, изјави Додик, пренесува агенцијата Срна.