Додик одушевен од победата на Путин, „мудриот државник“

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, изрази одушевување од надмоќната победата на Владимир Путин на претседателските избори во Русија и меѓу првите му честиташе, изразувајќи го своето задоволство од изборната победа на „мудриот државник“.

По објавувањето на податоците според кои Путин освоил безмалку 88 отсто од гласовите на изборите, Додик веднаш се огласи со порака на социјалната мрежа Х, во која вели дека овој резултат е „дочекан со радост кај српскиот народ“, бидејќи во него гледа пријател на кој секогаш можат да се потпре.

Истовремено Додик со одбрани зборови го пофали рускиот претседател.

„Среќни сме што рускиот народ избра сериозен, одговорен и мудар државник за свој водач, бидејќи тоа е гаранција дека традиционалните вредности ќе се задржат во денешниот свет и дека нема да стане место каде што само избраните можат да одлучуваат за сѐ“, напиша Додик.

Актуелниот претседател на Република Српска најави и дека зградата во која се наоѓа неговиот кабинет во Бања Лука ќе биде осветлена во боите на руското знаме во понеделник вечерта во чест на победата на Путин.

Меѓу странски набљудувачи на руските претседателски избори во странство беа оние од Република Срспка, главно членови на владејачките партии, а во изјавите за медиумите во ентитентот, изборите ги оценија како целосно демократски.

„Би сакал луѓето да видат дека колевката на демократијата не е Европа“, рече Мирослав Вујичиќ, претставник на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Додик во парламентот на БиХ.