Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави во понеделникот дека ентитетот Република Српска е „под управа на српскиот народ“, како и дека неговата граница со Србија е само „привремена“.
„Територијата која се вика Република Српска ја населува српскиот народ, тој има свои институции и надворешни граници (БиХ) кон Хрватска и ова што е привремена граница кон Србија“, рече Додик за новинарите во Латашки крај Бања Лука вклучувајќи се во полемиката околу одбележувањето на 25-ти ноември како ден на државноста на Босна и Херцеговина, празник кој Република Српска не го признава.
Додик со тоа реагираше на изјавата којашто претходно во понеделникот ја даде претседателот на Партијата на демократска акција (SDA), Бакир Изетбеговиќ, кој предупреди дека е недозволиво властите во Република Српска овој ентитет да го претставуваат како место во коешто правата се резервирано исклучиво за Србите.
„Секоја педа од оваа земја е заедничка, ништо во БиХ не е само српско освен називот Република Српска“, изјави Изетбеговиќ за новинарите во Сараево.
Додик на тоа му возврати со пораката дека телата на властите во Бања Лука се „под управа и волја на српскиот народ“, како и дека така ќе остане. Притоа го игнориршае фактот дека Уставниот суд на БиХ го донесе во 2000 година, според кој потврду дека Бошњаците, Србите и Хрватите се конститутивни на секој дел од територијата на државата, па така и во ентитетот Република Српска.
Додик, покрај другото, им го оспори правото на Бошњаците да се повикуваат на 25-ти ноември како државен празаник заснован на одлуките на ЗАВНОБиХ од 1943 година. Тврди дека тогашните муслимани ниту учествувале во антифашистичката борба, како и дека на споменатото заседание ги имало само неколкумина „кои се изјаснувале како Срби и Хрвати“. „Бошњаци немало и сега одеднаш тоа е нивен празник“, изјави Додик.