Додик: Република Српска е „ментално интегрирана“ со Србија

Србите во Босна и Херцеговина се „ментално интегрирани“ со Србија и ќе ја поддржат евентуалната независност на Република Српска, изјави нејзиниот претседател Милорад Додик во интервју за новинската агенција France Presse (AFP).

„Не сакаме да останеме овде“, рече Додик во интервју за француската агенција објавено на „Денот на Република Српска“, прослава на која централните власти на Босна и Херцеговина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) смета дека е неуставна.

Во интервјуто, Додик истакнува дека повеќе од 80 овластувања на Република Српска се префрлени на централната власт во Сараево и тие сакаат да ги вратат.

Агенцијата AFP пишува дека Додик во последно време се занимава со проблематиката на државниот имот како што се недвижностите и шумите, кои според него им припаѓаат на субјектите и се прашање на „живот и смрт“. Босна и Херцеговина, пак, тврди дека нивен сопственик е државата, пишува француската агенција.

Ова прашање сè уште не е правно решено, а високиот претставник кој Република Српска, Србија, Русија и Кина е нелегитимно именуван без дискусија во Советот за безбедност на ОН а Западот тврди дека има овластување да го донесе или укине законот, би можел да пресуди.

„Ако тоа се случи, ќе одиме во Народното собрание на Република Српска и ќе донесеме одлука за независност“, предупредува Додик. „Ќе ги повлечеме Србите од армијата, полицијата, заедничките институции. Им препорачувам да не навлегуваат во таа приказна“, повторно предупредува челникот на босанските Срби.

Додик тврди дека целта на Западот е да ја направи Република Српска бесмислена и да создаде централизирана Босна и Херцеговина под владеење на бошњачкото мнозинство во Федерацијата БиХ.

„Нашиот карактер не дозволува тоа да се случи. Затоа денеска со гордост го славиме 9-ти јануари“, рече тој.

Во прологот на разговорот AFP пишува дека Додик се заканува со независност на Република Српска од доаѓањето на власт во 2006 година. Сигурен е дека и жителите во ентитетот тоа го посакуваат, но сеќавањата од војната ги спречуваат да се одважат на тоа.

„Но, јас сум целосно сигурен дека луѓето разбираат што се случува“, вели Додик. „Доколку во одлучувачки момент се понуди платформа за независност, народот би ја поддржал“, додава.

Претседателот на Република Српска вели и дека населението на тој ентитет е „ментално интегрирано“ со Србија. „Да, сега сме дел од Босна, но затоа што тоа е наша обврска. Ова не е нешто што го сакаме“, вели првиот човек на субјектот со 1,2 милиони жители.

Дејтонскиот мировен договор, од крајот на 1995 година со кој беше ставен крај на војната во БиХ, според Додик бил погрешен во идејата за здружување на завојуваните страни со цел да се зачува „имагинарната“ Босна и Херцеговина, иако тоа беше „одличен историски момент“ за разграничување на нациите и создавање „траен мир“ на Балканот“.

Заканите за отцепување, антицентралистичката државна реторика против обидите, како што вели на обидите на бошњачката елита во Сараево да ги мајоризира другите два ентитета – српскиот и хрватскио, како и блискоста со рускиот претседател Владимир Путин го направија Додик непожелен во западните престолнини. Претседателот на Република Српска, кој инаку своевремено беше поставен на позицијата со поддршка на Вашингтон и Лондон, сега е под американски и британски санкции, не бега од редовно критикување на американскиот амбасадор и изразува „гордост“ што редовно се гледа со „големиот лидер“ Путин, како што изјавил за агенцијата AFP.