Додиќ: Република Српска треба да го следи примерот на Крим

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека посакува независност за Република Српска и дека случувањата на Крим и референдумот се добар пример кој треба да се следи.

 Тој е дециден дека Српска нема никаква директна релација со Русија но кога станува збор за осамостојувањето , не се сомнева дека тоа прашање ќе дојде на дневен ред.

„Се покажа дека БИХ не функционира и дека од неа немаат корист ни Србите, ни Хрватите ни Бошњаците, туку само странците кои овде наводно прават држава, но всушност заработуваат многу пари“, вели  Додик.