![plin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/plin-1.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Следната есен ќе биде објавен првиот оглас за субвенции за поставување на плински уред во автомобил. Законот за возила со кој треба да се овозможи оваа мерка е во собраниска процедура и би требало да биде донесен до крајот на годината.
Догодина пак, треба да бидат донесат сите правилници за негово имплементирање, а потоа пред почетокот на следната сезона кога започнува периодот на најголемо загадување на воздухот, да стартува и оваа мерка. За оваа немена се наменети околу три милиони евра, средства кои секоја година ќе се зголемуваат.
Па приближно субвенционирањето ќе биде како што се одвива со енергетската ефикасност и мерките што ги даваме за печки на пелети за пвц алуминиумски прозорци, но и за соларни панели, некаде ќе биде околу 50 отсто за трошоците за воведување на такви уреди“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.
Од Програмата за енергетска ефикасност денеска беше објавен и вториот повик за субвенции за купување на печки на пелети. Огласот ќе трае до 12 декември, а со ребалансот се пренаменети 227 илјади евра за оваа намена.
На првиот оглас беа субвенционирани 450 домаќинства, со вториот оглас се очекува да се субвенционираат уште 230 домаќинства, а во следниот период бројката да достигне до 20.000 домаќинства во земјата, очекуваат од Министерството за економија.
Со мерката се субвенционираат со 50 отсто трошоци за купување на печки на пелети, но не повеќеод 500 евра. Една печка на пелети чини од 800 до 1200 евра