На вчерашните разговори за изборното законодавство СДСМ, односно нејзиниот генерален секретар потврди дека тие превземале обврска Закон за бомбите да биде изгласан до 20 Октомври во македонското Собрание.
Ваквиот став на СДСМ е целосно спротивен на тврдењето на Заев и Шилегов дека нема договор за Закон за бомбите.
Резултатот од вчерашната средба е дека не се постигна договор за изборниот законик, но се постигна договор дека Закон за бомбите ќе се гласа најдоцна до 20 Октомври.
Според неколку присутни на вчерашните разговори Талат Џафери, координатор на ДУИ, побарал прецизна потврда од СДСМ дека тие и понатаму стојат на обврската да се донесе Закон за бомбите, по што и добил потврда од Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ. Потврдата дека СДСМ стои на обврската да се донесе Закон за бомбите била кажана во присуство на претставници на сите четири партии и амбасадите на ЕУ и САД и претставници на ОБСЕ.
Талат Џафери потенцирал дека се согласил да се повлече Законот за бомбите за да не се закочи изборната регулатива, но доколку СДСМ повторно изманипулра јасно порачал дека Законот сам ќе го поднесе до Собранието на 20 Октомври и дека изборот на нови министри по предлог на СДСМ нема да се случи.