![vozovi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/vozovi.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе присуствуваат на потпишувањето на Договорот помеѓу ЈПМЖ Инфраструктура и компанијата WIEBE од Германија за изведување на градежни работи за делница Куманово-Бељаковце, фаза 1 од железничката пруга на Коридот осум.
Делницата од Куманово до Бељаковце, која е со должина од 31 километар, претставува дел од железничкото поврзување на Македонија со Бугарија долж Коридорот 8.
Настанот е со почеток во 11 часот во МЖ Инфраструктура.