Договор за поттикнување на производството муниција во ЕУ

Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа во петокот договор за законот за поттикнување производство муниција кој би требало да осигури зголемување на прозводството муниција „земја-земја“, артилериска муниција и проектили за потребите на Украина и на државите членки.

Привремениот политички договор за Актот за поддршка на производството муниција (ASAP) сега треба да го потврдат секоја засебно двете законодавни институции, Советот и Парламентот, а шпанското претседавање очекува дека тоа ќе се случи до крајот на овој месец.

Со договорената уредба ќе бидат итно мобилизирани 500 милиони евра од буџетот на ЕУ за поддршка на зголемувањето на производствените капацитети за производство муниција од типот „земја-земја“ и артилериска муниција, како и за проектили.

Актот предвидува воспоставување „инструмент“ преку кој ЕУ финансиски ќе го поддржи јакнењето на капацитетите за индустриско производство во Унијата за муниции и проектили по должината на целиот синџир за снабдување. Таа поддршка ќе биде во форма на неповратни средства за европската одбранбена индустрија да ги зголеми своите производствени капацитети и да ги надмине идентификуваните тесни грла во производството.

Покрај тоа, уредбата би требало да го олесни пристапот до финансирање за компаниите од ЕУ кои произведуваат миниција и проектили, преку посебен фонд кој би требало да им го олесни на компаните пристапот до јавното и приватното финансирање, за да се забрзаат вложувањата потребни за зголемување на производствените капацитети.

Советот на ЕУ во март годинава договори ткн трикратен план за помош во муниција на Украина. Првиот дел од тој план во износ од милијарда евра предвидува итна испорака на проектили „земја-земја“ и артилериска муниција од постојните залихи или преку промена на приоритетите во постојните нарачки. Вториот дел од планот предвидува купување гранати од 155 милимери за дополнителни милијарда евра преку заедничка набавка.

Третиот дел од овој договор предвидува поддршка за зголемувањето на производствените капацитети на воената индустрија во ЕУ, што е осигурано со денешниот договот за Актот за поддршка на производството муниција (ASAP).

Европската унија беше пронудена брзо да реагира откако стана јасно дека нејзината воена индустрија нема производствени капацитети за брзо производство гранати во количество коешто Украина ги троши на дневно ниво и дека постојните залихи се празнат побрзо отколку што се очекуваше.