Претставниците на украинските власти и на проруските сепаратисти потпишале договорот за прекин на огнот во источна Украина, јави Интерфакс, повикувајќи се на извори блиски на разговорите во Минск.
Според изворите, прекинот на огнот ќе започне денеска во пет часот попладне по средно европско време.
На средбата во Минск присуствуваат и претставници од Русија и од ОБСЕ.