![tetovo-500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/tetovo-5001.jpg?resize=500%2C333&ssl=1)
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска со Друштвото за градежништво, трговија и услуги НБ – КОМПАНИ ДОО експорт-импорт Тетово ќе го потпише договорот за изградба на втората фаза од водоводниот систем Тетово.
Договорот вреден 114.999.913 денари, се однесува за осум и пол километарски довод од собирна комора – „Лешница” до собирна комора – „Студена Река”.
Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, потпишувањето на договорот со новоизбраниот економски оператор спроведено со отворена постапка, е од особено значење за продолжување на градежните работи за доградбата на новиот водоснабдителен систем во Тетово.
МИА