Западноафриканскиот економски блок ECOWAS го договорил „Денот-Д“ за можна воена интервенција во Нигер за да го врати на власт тамошниот претседател кого војската го собори на 26-ти јули доколку пропаднат дипломатските обиди, тврдел за агенцијата Reuters висок функционер без да открие за кој датум точно станува збор.
Договорот бил постигнат на дводневниот состанок на воените челници на западноафриканските земји во Акра, главниот град на Гана, каде што ја договарале логистиката и стратегијата за можна употреба на воена сила во Нигер, што за ECOWAS би била последната опција.
Се стравува дека воената интервенција на силите на земјите од ECOWAS може да предизвика поширок воен судар во нестабилниот регион Сахел кој се справува со џихаистички бунт и каде западние земји се обидуваат да ја спречат масовната миграција кон европскиот континент. Исто така, судирот може да стави и крај на постоењето на блокот во сегашната рамка, имајќи предвид дека Нигер ја доби поддршката за воена помош од соседните Буркина Фасо и Мали, каде исто така изминатите години беа изведени воени преврати, а сите три земји се членки.
„Подготвени сме да влеземе (во Нигер) во моментот кога ќе добиеме наредба. Денот-Д, исто така, е одлучен“, изјавил комесарот ECOWAS за политички прашања, мир и безбедност, Абдел-Фато Муса, во тек на свеченост зад затворени врати, пренесува Reuters.
„Веќе договоривме и ‘наштимавме’ што ни е сѐ потребно за интервенција. Како што зборуваме, и натаму подготвуваме посредничка мисија во земјата, така што не затвораме ниту една врата“, рекол Муса истакнувајќи дека и натаму се настојува мирно да се преговара со хуната во Нигер.
Војската го собори нигерскиот претседател Мохамед Базум на 26-ти јули обвинувајќи го за осиромашување на земјата, корупција и недоволно справување со џихадистичкиот бунт, и се огласи на повиците на Франција, САД, ECOWAS и Обединетите нации да го врати претседателот Базум на власт. Западноафриканскиот блок веќе вториот ден по превратот објави дека ги ставил своите сили во состојба на приправност, но засега има колебање кои земји членки воено ќе бидат ангажирани во евентуалната инвазија.
Поголемиот дел од 15-те членки на ECOWAS е подготвен да придонесат во заедничките сили, освен оние кои исто така се под воена валст – Мали, Буркина Фасо, Гвинеја и малата Зелонортска Република, тврдеше неименуван финкционер на блокот во четвртокот. Меѓутоа, Нигерија како најголема африканска нација со најголема армија од којашто се очекуваше најголемо учество во заедничките сили неофицијално најави дека ќе даде поддршка но не и директно учество.
Воените претставници во ECOWAS сѐ уште не откриваат колку војници би биле ангажирани во инвазијата, ниту за никакви други стратешки поединости.
Превратот во Нигер дополнително ја ескалираше ситуацијата во областа Сахел, еден од економски најсиромашните региони во светот и покрај големи резерви и извози на природни ресурси, во прв ред нафта и ураниуми, каде повеќе од деценискиот џихадистички бунт поттикнат кој се прошири првично од Мали, натера милиони луѓе во бегство.
Воените власти во земјите коишто веќе се случија превратите во земјите во Сахел се особено гневни поради тоа што повеќе од деценија бунтот не се сузбива и покрај военото присуство на француски и американски трупи во регионот. Во Нигер, така, Франција има над 1.500 војници а САД две воени бази, но сепак џихадистите изведуваат масакри врз цивилното население и безбедносните сили. Ги обвинуваат, исто така, некои западни влади дека всушност ги поттикнале бунтовите на групациите блиски на Исламската дражава и Ал Каеда.
Хунтите во Нигер, Мали и Буркина Фасо, последните две земји по превратите од 2020 до 2022 година ги протераа силите на Франција под чија колонизаторска власт беа до 1960-те години, обвинуваат дека западните земји се заинтересирани само за нивните природни богатства и оти сакаат да ја воспостават повторно нивната колонијална зависност.