Договорот меѓу Грција и Египет за одредување на Ексклузивната економска зона ратификуван во Парламентот на Грција

Со 178 гласа „за“ 26 „против“ и 81 „воздржан“, грчкиот Парламент, синоќа го изгласа договорот на Грција со Египет за одредување на Ексклузивната економска зона, јави дописничката на МИА од Атина.

Ратификацијата беше поддржана владејачката Нова демократија и опозициската Движење на промена, а пратениците на СИРИЗА беа воздржани.

Завчера, беше ратификуван и договорот одредување на Ексклузивната економска зона со Италија.