На Договорот од Преспа му се спротивставуваат 62% од Грците, а го поддржуваат само 27%, покажуваат резултатите од најновата анкета, која ја објави грчката телевизија Скај.
62% од испитаниците имаат негативно мислење за Преспанскиот договор, 27% позитивно, а 11% од анкетираните не дале одговор. Договорот е негативен за 40% од гласачите на владејачката партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас. Од друга страна, 79% од избирачите на Неа демократија го оценуваат договорот како лош за грчките национални интереси.
Неа Демократија, на наредните парламентарни избори би ја поддржале 33% од испитаниците, а СИРИЗА 22,5%. За Златна зора, која изби на третата позиција би гласале 8%. За неопредели се изјасниле повеќе од 13 проценти од анкетираните.
Киријакос Мицотакис е најпопуларниот политичар со поддршка од 36% од избирачите (35%), додека Алексис Ципрас уќива поддршка од 24% од грчката јавност.