Денеска попладне по локално време стапува во сила договорот кој го постигнаа Јужна и Северна Koреја.
Пјонгјанг и Сеул постигнаа договор синоќа по повеќе од два дена разговори за прекин на воената криза која е предизвикана со зголемената борбена готовност на границата на двете земји.
Северна Кореја изрази жалење поради неодамнешното повредување на јужнокорејските војници при експлозија на бомба во пограничниот појас, додека Јужна Кореја соопшти дека ги исклучила звучниците кои емитуваа пропагандни пораки со цел спречување евентуални воени конфронтации.
Северна Кореја распоредува воени бродови на границата со Јужна Кoреја
Северна Кореја распореди долж границата со Југот воени бродови со специјалци во обид да покаже висока борбена подготвеност и покрај преговорите кои се во тек меѓу двете држави.
Според воени извори, десетина бродови пристигнале на 60 километри северно од граничната линија меѓу двете Кореи.
Северна Кореја, распоредила двојно повеќе артилериско оружје долж границата. Распоредувањето е во момент кога се водат преговори меѓу двете држави за намалување на тензиите.
Парк: Нема да го прекинеме емитувањето на пропагандните пораки
Jужнокорејската претседателка Парк Геун Хје изјави денеска дека Сеул нема да го прекине емитувањето на пропагандните пораки на границата на Јужна и Северна Кореја, доколку Северна Кореја јасно не се извини за серијата провокации кон Сеул.
Северна Кореја треба да упати јасно извинување и да гарантира дека нема да има натамошни провокации, рече Парк, префрлувајќи ја вината на Пјонгјанг за предизвикување на моменталната воена криза со неговите „провокативни активности“.
Нејзиниот повик кон Пјонгјанг доаѓа во момент кога двете Кореи ги стопираа разговорите на високо ниво за ставање крај на воените закани. Разговорите почнаа во саботата со цел ставање крај на „тензичното одмерување“ долж границата на двете земји.