
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес, а дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник. Воедно Мицкоски подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово не прифаќање.
Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.