Договорот за заложниците во Газа е во „рацете на Хамас“, вели Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека договорот за заложниците е во рацете на Хамас и дека итно е потребен привремен прекин на огнот во Појасот Газа пред почетокот на Рамазан, светиот муслимански месец на постот.

„Ако дојдеме во ситуација ова (војната) да продолжи за време на Рамазан, тоа може да биде многу, многу опасно“, им рече Бајден на новинарите во вторникот.

„Договорот за заложниците во моментов е во рацете на Хамас“, додаде американскиот претседател.

Претставниците на Катар, Египет и САД преговараат со Хамас во Каиро за привремен прекин на огнот. Израел не е непосредно вклучен во разговорите, а имаше и спротивставени изјави за тоа дали е постигнат напредок.

Прекинот на огнот во Газа ќе ја олесни размената на заложниците, кои таму ги држат милитантите на Хамас, за палестинските затвореници во Израел.

Рамазан оваа година започнува околу 10-ти март.