Дојава за опасност на аеродромот во Женева

Полицијата во Женева денеска покрена серија мерки за контрола на подрачјето околу аеродромот во градот, по добиените информации за можн закана.

Полицијата на Фејсбук објави дека во тек се превентивни безбедносни мерки на подрачјето околу аеродромот, кои ќе се применуваат на неодредено време.

Во соопштението се наведува дека полицијата ги проверува информациите од Франција, по што ја зајакна контрола околу аеродромот.

Раководството на женевскиот аеродром наведува дека мерки се преземени откако добиле анонимен повик за опасност, но не изнесоа повеќе детали за случајот.