Огранокот на Дојче Телеком за ИТ услуги, T-Systems потврди дека со синдикатите постигнале договор за укинување на 5.600 работни места во Германија, како дел од радикалното преструктуирање кое би требало да им помогне повторно да работат позитивно.
Договорот беше постигнат по повеќенеделни преговори и претставува поместување од место за извршниот директор Адел Ал-Салех, Американец кој е на чело на T-Systems од почетокот на годинава со мандат радикално да го реструктуира проблематичното работење во составот на најголемиот телеком во Европа.
Според договорот, 3.765 места ќе бидат укинати до крајот на 2020 година, а во случај компанијата и понатаму да продолжи да има проблеми во бизнисот, дополнителни 1.200 работни места ќе бидат згаснати во 2021 година. T-Systems драстично ќе го намали бројот на канцеларии во Германија, на само 25 од сегашните 230.
Тие, исто така, планираат да го намалат бројот на вработени во странство и во иднина ќе ангажираат работници само во Унгарија, Словачка и Индија. Бројот на вработени во Индија се планира да се зголеми од сегашните 400 на дури 3.000. Во моментов, T-Systems глобално вработува вкупно 37.500 луѓе.
Бројот на најавените откази е помал од 6.000., како што првично предвиде Ал-Салех од вкупно 17.000 вработени во Германија.
Портпаролот на компанијата изјави дека неколку стотици вработени ја напуштиле компанијата во изминатите недели.
Сега нема пречки за спроведување на отпуштањето, рече тој, додавајќи дека првите известувања до вработените ќе бидат испратени идната недела.
Ал-Салех си даде две години да направи пресврт во бизнисот на компанијата вредна седум милијарди евра, а чии што приходи паѓаат, а маржите се под притисок и губи пари. Тој сака постепено да го одврати T-Systems од потпирање врз класичниот аутсорсинг на ИТ услугите и износот од 600 милиони евра заштедени на трошоците на вработените ги пренасочи во можности за раст во дигиталните и услугите во т.н.„ Облак“.