Најголемата германска банка, „Дојче банка“ ќе плати 1,4 милијарди евра по завршување на парница поврзана со продажба на второстепени хипотекарни кредити во САД.
„Дојче банка постигна договор со американската Федерална станбена финансиска агенција за ставање крај на парничната постапка поврзана со продажбата на хипотекарните кредити“, се наведува во соопштението на германската банка и се додава дека банката се согласила да плати 1,4 милијарди евра.
„Дојче банка“ е една од 17-те финансиски институции против кои Федералната агенција поднела тужба, со обвинение дека меѓу 2005-та и 2007-ма година, не давале реална слика за одредени хипотекарни обврзници продадени на хипотекарните компании „Фени меј“ и „Фреди Мек“.