Доказ дека вакцините си ја вршат работаат: Имаат рекорден број заразени, а нула починати

Епидемиолошката слика на Исланд е најдобриот доказ за тоа колку се ефикасни вакцините. Оваа мала островска земја истовремено бележи рекорден број заразени и екстремно мал број хоспитализирани лица, а најдобрата вест е дека нема смртни случаи од 25 мај. Ова е последица, на прво место, на успешна вакцинација.

Исланд пријави 2.847 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 30 дена, што е најголем број во еден месец од почетокот на пандемијата. Според експертите, виновникот е заразната делта варијанта. Сепак, две работи радуваат – симптомите на голем број нови инфекции се благи, а бројот на смртни случаи е нула.

Научниците веруваат дека клучот е имунизацијата. Исланд е на четвртото место во однос на стапката на вакцинација – 70,6% од граѓаните ги примиле двете дози.

Само Сингапур (73,1 проценти), Обединетите Арапски Емирати (73,7 проценти) и Малта (80,5 проценти) се пред Исланд. Соединетите американски држави вакцинираа само 50,7 проценти од населението со двете дози. На глобално ниво, просекот е уште полош – само 23,6 проценти.

Карлос дел Рио, професор по медицина на Медицинскиот факултет Емори, објави на Твитер во неделата: „Исланд е доказ дека вакцините функционираат“.

Повеќето Исланѓани ја примија вакцината „Фајзер“, иако земјата увезе и „Модерна“ вакцини „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“. Повеќе од 98,2 проценти од луѓето постари од 90 години биле вакцинирани со двете дози, во споредба со „само“ 70,8 проценти од луѓето во возрасната група од 16 до 29 години.

И покрај успешната стапка на вакцинација, исландските здравствени власти најавија дека ќе ги задржат превентивните ограничувања барем до крајот на август. Овие ограничувања се однесуваат на бројот на луѓе што можат да се соберат на едно место (до 200 луѓе), социјалната дистанца од најмалку еден метар е исто така задолжителна, маски за лице мора да се носат во затворени простории и полициски час што започнува во 23 часот.