Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања и Панче пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека изјавата на Влатко Кешишев која ја промени и го амнестираше Палевски од вина нема да влијае врз постапката. Кешишев минатата недела ја напишал изјавата на посмено во истражниот затвор Шутка и преку полицијата изјавата се достави до судијата. Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни докази. Судењето влегува во финишот на испрашување на сведоци и веќе од следните рочишта ќе се изведуваат материјални докази.
-Изјавата на Кешишев нема доказна вредност, затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе дадат своја одбрана, свој исказ, и своја одбрана која ќе биде подложена на прашања од ситте страни и да се расчисти случајот. После вербалните докази, ќе бидат изведени и материјалните докази. Имаме материјални докази дека Палевски е сторител на делата“, рече Стојковиќ-Димитровска.