Пулмологот д-р Дејан Докиќ во вчерашниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 посочи дека граѓаните мора да дисциплинираат и да сфатат дека се додека не заврши пандемијата мора да носат маска без разлика дали се вакцинирани или не.
„Ако граѓаните не носат маски, ако се групираат, ако не држат дистанца, па вие и во 16 часот ставете полициски час – тие до 16 часот ќе го направат тоа. Мора да се оди на дисциплина на народот, мора да се сфати дека животот од кога почна ковид инфекцијата, па додека да заврши пандемијата мора да носат маски, вакцинирани или не. Тоа не може да го сфати народот, се додека тоа не го сфати ќе бараме други причини“, истакна д-р Докиќ.